Победа Валандово и Хоризонт Турново нижат победи во ТМФЛ – Исток, Карбинци со убедлива победа!

Третото коло во Трета лига – Исток донесе многу погодоци, на сите натпревари ба забележани повеќе од три погодоци, што ја зголемува ефикасноста од аспект на погодоци.

Карбинци на домашен терен забележа голема победа од 3:0 над Дојранско Езеро, во натпревар каде Мирче Натков постигна еден гол, а двоен стрелец беше Марио Атанасовски.

Вистинска голеадата имаше во Пирава каде Ударник со 7:2 триумфираше над Светлост од Зрновци, со што домаќинот стигна до втора радост, а пак тимот од Зрновци и натаму ќе чека на позитивен резултат.

Победа Валандово ја продолжува победничката низа откако на домашен терен и пред полн стадион го совлада Овче Поле во дербито на колото со резултат од 3:1. Тоше Манов го отвори резултат за водство на гостинот, но по три минути Филип Зајков израмни на 1:1.

Во вториот дел Ристо Миленковиќ и Елдан Шата ги поставија конечни 3:1 за триумф на домаќинот кој сега има три од три.

А, три од три има и Хоризонт Турново кој славеше со 2:3 во струмичкото дерби со Тиверија, додека пак трите бодови останаа во Делчево, откако Јован Дојчинов со два гола во финишот обезбеди триумф за Брегалница од 2:1 над Рудар од Пробиштип.

Во четвртото коло слободна беше екипата на Малеш од Берово.

Во однос на самата тебела со по девет бодови врвот го делат Хоризонт Турново, Победа Валандово и Овче Поле, но тимот од Свети Николе имаше меч повеќе.

По 7 бодови имаат Карбинци и Рудар за делба на четвртото место, а пак по шест бодови за делба на шестото место имаат Ударник и Брегалница Делчево.

Тиверија е осма со три бодови, а толку има и Дојранско Езеро кој е деветти. На десеттата позиција е Малеш, а последен е Светлост од Зрновци без бодови.

Александар Ванев, М-Нет