
Ако се купи пипер за ајвар, корнишони за туршија или смокви за слатко – не остануваат пари за лекови. Некогаш пред почетокот на месец септември со гајби се носеле производи од пазарите, домаќинките брзале кон дома, за да можат да подготват зимница за целото семејство. Денеска ситуацијата далеку поразлична. Се купува во помали кеси, колку да се направи за да се проба. Ако во семејството пак младите заминале во странство што е се почест случај, не се размислува да се прави зимница. Повозрасните анкетирани граѓани велат од разнии причини, но главно од високите цени и ислеувањето на младите и зимниците ќе бидат се претко правени.
„Порано правевме ајвар, пинџури. Сега нема да се прави, скап е пиперот. Порано се правеше многу, имаше и кој да јаде.“ – велат граѓаните.
Цената на ајварскиот пипер и вчера на пазарот во Штип држеше цена од 70 денари по килограм. На ова ако се додаде модриот патлиџан и земјтинот – зимницата станува луксуз. Ајварскиот пипер и се помаллку го има по тезгите и токму затоа цената е висока. Уште пред еден месец, кога почна да се бере и продава ајварскиот пипер цената беше околу 70 до 90 денари за килограм. Земјоделците предупредија дека оваа цена тешко да се намали оти и во полињата се помалку го има, а дополнително не е квалитетен заради високите дневни температури ова лето.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет