Академија Пандев со седум гола убедлива на тестот со Кожуф

Академија Пандев забележа висока победа од 7:0 над второлигашот Кожуф, на контролен меч одигран на СЦ “Пандев” во Струмица.

Струмичкиот прволигаш до убедливата победа стигна со погодоците на Абдулаи кој беше двоен стрелец, Трајков, Јанкулов, Крстевски, Донов и Галевски.

Академија Пандев со скоро целосно нов тим во пролетниот дел ќе брка директен опстанок под водство на тренерот Александар Васоски.