Академијата „Постолов – Пандев“ од Штип ќе настапи на Меѓународниот „Симитли Куп“ во Бугарија

Координаторот на Академијата „Постолов – Пандев“, Борче Постолов не го криеше задоволството да ни ја соопшти информацијата за настап на Меѓународниот турнир „Симитли куп“ што ќе се одржи во Бугарија. Нивните екипи од генерациите 2011, 2012 и 2013 ќе настапат во конкуренција своите врсници на повеќе реномирани и респектабилни екипи како од Бугарија така и од преостанатите Балкански земји. Ова ќе биде уште едно калење и челичење на надарените штипски дечки, за ново другарување, стекнување на нови фудбалски знаења, потези и се она што ја краси фудбалската игра. Штипската академија традиционално одржува пријателски врски со екипите на Вихрен, Беласица од Петрич, Славија од Софија, ФК Ќустендил, Сандански, Благоевград и многу други и постојано во текот на годината се сретнуваат на разно – разните турнири разменувајќи драгоцени искуства. Паралелно со овој турнир генерацијата 2009 г. на „Постолов – Пандев“ во недела ќе настапи на Меѓународен турнир што ќе се одржи во Куманово.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk