
ОВР Виница поднесе кривична пријава против С.Ф.(67), Д.И.(76), С.Ј.(58), сите од Виница, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. С.Ф. во текот на 2019 и 2020 година на катастарска парцела започнал со изградба на два нови објекта, а Д.И. и Ј.С. во текот на 2017 и 2018 година на истите парцели изградиле објект без да поседуваат одобрение за градба.