Градот Штип и лекарската фела го изгубија ценетиот доктор – хирург, Симон Василев

Вчера на 35 годишна возраст по кратко боледување почина доктор Симон Василев. Тој беше роден 1986 година во Штип, оженет и татко на две малолетни деца. Доктор Василев дипломираше на Медицинскиот факултет во Стара Загора, Бугарија, а работеше како општ хирург во Клиничка болница Штип. Моментално тој ги посетуваше специјалистичките студии во Македонија, за стекнување титула доктор специјалист. Доктор Симон Василев беше ценет и почитуван другар, пријател, роднина, подготвен секогаш и на секого да помогне во најразлични ситуации. Истовремено, во најтешките услови на работењето, тој беше соработник и голем поддржувач на редакцискиот колегиум на М-Нет телевизија. Градот Штип и лекарската фела изгубија исклучително значајна личност во својата професија и ги задолжи своите колеги да продолжат по неговиот професионален пат. Неговиот лик и неговото дело засекогаш ќе бидат запаметени од неговите сограѓани и нека му е светол патот и царството небесно. Редакцијата на М-Нет телевизија изразува длабоко сочувство до фамилијата.