Јорданов: Директно се инвестира во образовните институции во Штип!

Во општина Штип на големо се работи и инвестира во образованите институции. Претходниот период започна реконструкцијата на кровот на штипската гимназија „Славчо Стојменски“ а најави има за реконструкција во неколку основни училишта.

Како што најави градоначалникот Иван Јорданов, во наредниот период ќе се реконструираат спортските сали во училиштата „Тошо Арсов“ и „Димитар Влахов“, а предвидени се и други активности во скоп на училиштата.

„Она коешто сакам да го најавам е дека не само гимназијата „Славчо Стојменски“ во периодот кој следи ќе се реконструира спортската сала во ООУ Тошо Арсов, спортските терени во рамки на ова училиште. Дополнително се прават напори да се реконструира и училишната спортска сала во ООУ „Димитар Влахов“. Ова се средства директно во образованието во насока на подобрување на инфраструктурата“ – вели Јорданов.

Изминатиот период мета на активности беа и средните и основните училишта во Штип каде се работеше на реконструкција. Целта е да се направат подобри услови како за учениците така и за наставниците. Општина директно инвестира во образованиете институции, истакна Јорданов.

Лаура Стојанова-Ќирчов, М-Нет