
Во рамки на 15. коло од пинг-понг Суперлигата екипата на Шампион ФА од Штип со 4:1 загуби од лидерот Младост 96, Берово со убедливи 4:0 го доби Вардар, а пак екипата на Телеком Нец 2 со високи 4:0 беше пресилна за Младост.
Екипата на Радовиш немаше сили за Крива Паланка и беше поразена со 0:4, додека пак струмички Астраион со 4:0 беше пресилен противник за Пелагонија.
Во рамки на 16. коло екипата на Вардар загуби од Астарион со 0:4, лидерот Младост 96 со 3:4 го доби тимот на Пелегонија во неизвесен натпревар. Шампион ФА од Штип го доби Радовиш со 4:2 во дерби на Истокот.
Екипата на Крива Паланка со убедливи 4:0 го доби Телеком Нец 2, а пак Младост немаше сили за Берово и загуби со 2:4.
Лидер на табелата е Младост 96 со 31 бод, а пак Крива Паланка е втор со 30 бодови. Шампион ФА е на петото место со 26 бодови.
Александар Ванев, М-Нет