Јанев на центарот во Делчево, Митров ќе им суди на Дојранско Езеро и Тиверија

В недела со почеток од 15 часот се играат натпреварите од 16. коло од Третата македонска фудбалска лига.

Веќе се познати и делегирани судиите кои ќе ја делат правдата на сите пет натпревари, а во оваа рунда слободна е екипата на Малеш од Берово.

  • ДЕЛЕГИРАНИ СУДИИ 16. КОЛО ТМФЛ – ИСТОК:

Брегалница Делчево – Рудар, Иван Јанев (Штип)
Овче Поле – Карбинци, Ристе Бојчов (Штип)
Академија Чешиново Облешево – Осогово, Тоше Џамов (Кочани)
Спартмани – Вардарски, Кирил Манчев (Валандово)
Дојранско Езеро – Тиверија, Стефан Митров (Гевгелија)
Малеш (слободна екипа)