
Речиси 25% од невработените лица на територија на општина Штип се од Ромска националност. Загрижува фактот дека 8% од нив се само со основно образование, а 33% немаат никакво образование. Поради тоа се преземаат мерки и активности за овие лица да се вклучат во образовниот систем, ама понатаму и да можат да бидат вработени.
„Од вкупно, невработени 2800 лица, овие податоци се од јануари 2023 година, од нив 696 Роми кои се невработени во нашата општина. Поради ова се спроведени две обуки за стекнување на вештини за барање на работа за вкупно 60 лица во месеците јануари и февруари. Она што е важно е дека од овие лица 8% се без основно образование, а дека без никакво образование се вкупно 33%“, вели Адемов.
Наредниот месец е предвидено да се презентира проектот за вработување и на Ромите кои се враќаат од западноевропските земји. Најголем дел од нив се лица на возраст од 24 до 35 годишна возраст, а голем дел од нив немаат заведно колку години имаат. Адемов вели ова се прави со цел да се намали невработеноста кај Ромската популација и зголемување на правата кои ќе ги добијат Ромите кои се враќаат од другите земји.
„Во месец април и по повод Меѓународниот ден на Ромите – 8 Април ќе се презентира оперативниот план за вработување на повртниците Роми кои доаѓаат од западноевропските земји за користење на потенцијалните програми и мерки кои ги има Агенцијата. Важно за повратниците е дека може да се вклучат во системот оти најголем дел од нив ги губат сите права откако ќе се вратат во држвата“, додава Адемов.
Адемов истакна дека се реализирани и неколку обуки, а предвидено е работилници да има и во наредниот период со што Ромите повратници ќе може да се вклучат на пазарот на трудот во општината, но и во државата.
Лаура Стојанова М-Нет