Штипјани со големо ,,ДА“, за предлог мерката за скратено боледување и контролирање дома

Штипјани ја поддржуваат мерката на Фондот за здравствено осигурување, деновите за боледување што можат да ги одобрат матичните лекари да се скратат од седум на пет дена. Велат дека ваква мерка требало да биде воведена многу порано и дека може да биде решение за долгогодишниот проблем со оние на кои не им се работи, па често користат боледување за да отсуствуваат од работа. Сепак, малкумина од соговорниците посочија дека од арно никој не седи дома.

Штипјани сметаат дека можат да бидат контролирани од надлежните, бидејќи, велат, некој кој е на боледување, а е апсолутно здрав, може да биде на патување или да го користи отсуството за други активности, па проверување дали болниот е дома е одличен показател.

Целта е да се спречат злоупотребите, но и да се обезбеди боледувањето да го користат оние на кои навистина им е потребно.

Ева Тушевска, М-Нет