
Цените на производите високи – примањата ниски, неопходно според штипјани на терен е покачување на платите и пензиите. Велат дека ако во месец март се покачат примањата како што е најавено од страна на ресорното министерството, тоа ќе биде за поздравување. Согласни се дека цените на производите се навистина високи, но додаваат дека веќе се навиканти и купуваат само што е најнеопходно.
Спооред анкетираните граѓани на терен, овој период лани цените биле двојно пониски. Сега ситуацијата е поинаква, а не се високи цените само на основните производи за живот туку и на дрвата, струјата, облеката. Затоа додаваат повеќе од неопходно е покачување на примањата, како на платите така и на пензиите.
Од Владе пред неколку дена соопштија дека најверојатно минималните плати во месец март ќе бидат 20.500 денари, а за 2000 денари ќе пораснат и платите во администрацијата.
Преходно од Министерството за труд и социјална политика потенцираа дека во март ќе има ново покачување и на пензиите.
Лаура Стојанова М-Нет