Синоќа нападнато лице на патеката во Штип, му одзеле ташна со пари и лични документи

На 09.02.2023 во 21.00 часот во СВР Штип, Б.K.(40) од Штип пријавил дека околу 20.00 часот на патеката покрај река Брегалница во Штип, две машки лица со закана и со употреба на физичка сила му одзеле ташна со пари и лични документи. За настанот е запозанен Јавен обвинител, а увид на местото извршила увидна екипа на СВР Штип.