Штипјани песимисти, ништо позитивно не очекуваат од новата Власт без разлика која ќе биде

Пред почетокот на изборната кампања за претстојните избори на 17 октомври, граѓаните во Штип немаат позитивно ниту мислење ниту очекување од идната власт без разлика која ќе биде таа. Во направената анкета штипјани велат дека 30 години локалната самоуправа и Власта се менува, но проблемите остануваат исти, па со оглед на тоа не може да очекуваат ништо од новата власт. Истовремено поголемиот дел од нив не им веруваат на политичките партии во целост.

„Ништо, ништо нема доверба во никој веќе“
„30 години е овоа, овоа е срамота“
„Не верувам, досега ништо не е бидело нема ни да биде. Ветуваа едно, друго, трето ништо не се исполни“

И додека од една страна граѓаните се песимисти, од друга страна политичарите и пред почетокот на кампањата веќе почнаа да ветуваат многу промени за градот под Исарот. Дополнително на ова, не довербата на граѓаните кон политичките партии се забелжува и со фактот дека барем во последните 12 години секој од градоначалниците седнале во градоначалничка фотелја само по еднаш.  Дали Штип и штипјани ќе бидат изненадени од резултатите од новата Власт, останува да се види по завршување на изборите.

Лаура Стојанова М-Нет