
Тренерот на Кик – бокс клубот Гладијатор од Штип Шенол Асанов штотуку ни се јави со исклучително пријатна спортска вест зачинета со вреден трофеј . Имено на Европскио Куп што се одржува во главниот град на Србија, Никола Нацев член на Гладијатор од Штип го освои првото место, златниот медал и шпампионскиот пехар како Европски куп победник во досциплината Кик – лајт а во категорија 0д + 94 кг. Никола Нацев денес во финалето го победи својот земјак Лука Додик од Куманово, откако претходно во полуфиналето го победи србинот Александар Бабиќ.


Ова е уште еден голем триумф на Никола Нацев по блескавиот успех исто така во Србија на „Трофеј Белград“ кога неодамна освои златен и бронзен медал со што покажа и докажа дека напорната работа, исцрпувачкиот тренинг и вештините пресликани од тренерот Шенол Асанов на најдобар можен начин ги практикува во борбите со своите противници.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk