Штипски инспектори ќе се праќаат во Бутел, што ќе значи сортаботката меѓу двете општини?

Меѓусебна соработка меѓу Оптшина Штип и скопски Бутел е одлука која помина на последната седница на Советот на Општина Штип. Како иницијатор за ваквата соработка е Општина Бутел, со тоа што инспектори за животна средина, домување и градежен инспектор од Штип ќе се преаќаат по потреба во Бутел. Ова ги потикна советниците од опозициските СДСМ и Левица да прашаат со колку инспектори располага Општина Штип, како и дали километрите одговараат за меѓуопштинска соработка.

„Во моментот Општина Штип, колку инспектори има вработено од оовие области за кои се бара меѓуоптинска соработка. Ова го прашувам од причина, можеби состојбата во моментот е променета, но имавме по еден инспектор од овие области, во еден период немавме беа од едно во друго ниво. Малку ме зачудува фактот дека Општина Бутел е дел од градот Скопје, гравитира со многу повеќе општини, па дали ние реално би се нашле во ситуација нашите инспектори да треба да ги пратиме на друго место? – праша Рогожарска Поповска.

„Што е тоа Штип го нема а Општина Бутел го има па дали ние би имале некаква корист од оваа соработка која сега ја правиме.“ -прашаа од Левица.

На ова сектератор на Општина Штип, Вишна Шорова Ангелова одговори дека не е законски определено колкав е минималниот број на инспектори со кои треба да располага општината. Конкретно за Штип, има два градежни испектори и по еден за домување и животна средина.

“Општина Штип има еден градежен инспектор и еден е во постапка за да стане градежен инспектор, што значи ќе имаме двајца. Имаме инспектор за заштита на животна средина еден, а согласно систематизацијата иамме двајца инспектори за домување

Нема да се доведеме во таква ситуација општината да остане без инспектор, или да се намали интензитетот на работа во нашата општина за сметка на некоја друга општина.“ – одговори Шорова Ангелова.

Општина Штип и Општина Бутел во неколку наврати и претходно соработуваа, а според Шорова Анегелова, оваа соработка носи позитивности и за двете општини.

Лаура Стојанова М-Нет