
Ајварската пиперка сѐ помалку ја има, а и цената и е од 40 до 60 денари. Граѓаните, велат, и годинава зимница се прави, ама или помалку, или треба да се издвојат повеќе финансиски средства. На штипскиот пазар ретко на која тезга имаше вреќи пипер, а и производителите велат дека има, ама помалку од годините наназад, за што влијаат и временските услови. Цената, пак, е таа, односно двојно, некаде и тројно повисока од минатата година.
Од денешниот пазарен ден продавачите се задоволни, бидејќи сончевото време во голема мера ги измами штипјани да ги пазарат потребните продукти. За разлика од претходните неколку пазари, овој беше со значително зголемена побарувачка. Значителна промена во цените, пак, нема.
Купувачите, пак, потешко може да си дозволат да купуваат на пазар. Меѓутоа, вината не ја наоѓаат во високите цени, туку во ниските пензии и плати.

Зелката, карфиолот и останатите производи за зимница и денес беа најбарани на штипскиот пазар, односно за нив имаше најголема побарувачка. Релативно задоволни беа и продавачите и купувачите.
Ребека Спасова М-Нет