Штипската нас. Балканска на големо го слави празникот Св. Цар Константин и Царица Елена

Денеска, духовноста ја исполни штипската населба Балканска. Храмот посветен на Светите Цар Константин и Царица Елена беше преполн со верници кои со смирени срца, но силна вера, го одбележаа големиот христијански празник, посветен токму на нив.

Од раните утрински часови, храмот беше центар на молитва, обединетост и мир. Се вртеа славски колачи, се палеше свеќа за здравје, и се принесуваа молитви за сила и благослов.

Поклонување пред иконата на светите заштитници – Константин и Елена – беше емотивен момент за многумина. Во очите на верниците – благодарност, но и надеж за подобро утре

Инаку, денеска именден чествуваат Елена, Костадин и Констатин, а имено Според христијанското верување, овие светци, го откриле чесниот крст. Во Штип, празникот на големо се слави во населбата Балканска.

Иван Митев, М-Нет