Првата цигара во Македонија децата ја палат на 13 години, власта најавувава мерки

Првата цигара во Македонија децата ја палат на 13 и пол години. И не станува збор само за класичните тутунски производи – новата мода се е-цигарите, шарени и ароматизирани. Од улиците и училиштата, граѓаните се децидни – мора да се преземат конкретни чекори. Велат дека пушењето цигари е пред се удар на џебот, а потоа на здравјето.

Граѓаните се децидни дека времињата се драстично променети. Ако некогаш пушачите се криеле, денес не. Млади јавно пушат секаде

Властите најавуваат дека наскоро ќе презентираат конкретни чекори, со можност за нов Закон или измена на постоечкиот.

Зајакнување на царините и акцизите е дел од мерките кои се планираат со цел да се намали бројот на пушачи и да се заштити јавното здравје.

Дали овие чекори ќе успеат да ги намалат младите пушачи – останува да се види.

Иван Митев, М-Нет