
Денес со два натпревари беше отворено 25. коло во Првата македонска фудбалска лига. На Чаир се одигра скопска пресметка меѓу Шкупи и Вардар која заврши со убедливи 3:0 за домашниот тим со погодоците на Феитоза, Трапановски и Гроннер.
Во Кавадарци се одигра дербито меѓу Тиквеш и Силекс за четвртото место кое заврши без победник 1:1. Даноски погоди за 1:0, а во 93. минута Ѓорѓиевски погоди за 1:1.
Колото ќе се комплетира утре со останатите четири натпревари. На „Кукуш“ во Турново ќе се соочат Брера Струмица и Работнички меч важен и за двете екипи во борбата за опстанок, Гостивар како фаворит ќе ја пречека Македонија ЃП, Шкендија на домашен терен ќе игра против штипска Брегалница, а пак Струга Трим Лум и Воска Спорт го играат езерското дерби.
Александар Ванев, М-Нет