
Денес се одиграа натпреварите од 22. коло од Втората македонска фудбалска лига, а гледачите на телевизија М Нет преку спортскиот канал М Нет Спорт имаа можност да го проследат соочувањето меѓу Башкими и Детонит Плачковица во меч каде домашниот тим одигра одлично и славеше со минимални 1:0 со голот на Ељмедин Ќаили по нафрлениот корнер од Егзон Азири.
Гледачите исто така имаа ексклузивна можност да го проследат дербито за опстанок во Кочани на телевизија М Нет меѓу Осогово и Новаци во меч каде “жетварите” со голот на Тоше Манов од пенал.
Арсими на домашен терен имаше тежок меч против ланскиот прволигаш Скопје каде немаше победник (1:1). Попоски погоди за 0:1, а по четири минути во вториот дел Шпенд Асани погоди за 1:1.
Лидерот Беса на домашен терен лесно го доби Караорман во Струга откако со убедливи 3:0 славеше со головите на Алексовски и двата гола на Изаир Емини.
На „Билјанини Извори“ се соочија Охрид и Беласица каде домашниот тим на Александар Толески преку пресврт славеше со 2:1. Талески погоди за 0:1, а домашниот со двата гола на Масевски дојде до 2:1.
Фаворитот Пелистер на домашен терен во Битола запиша нова победа откако триумфираше над Вардар од Неготино со резултат од 3:1 Победата за Пелистер беше сосема очекува со што момците на Влатко Костов ја продолжуваат победничката серија.
Спиркоски, Танушев и Костов погодија за Пелистер, а Османи за Вардар.
Во Прилеп се одигра директното дерби за опстанок меѓу Победа и Каменица Саса во меч каде домашниот тим славеше со 2:1 со головите на Дебрешлиоски и Димоски, а за гостите погоди Смилков.
И во Тетово се играше дерби за опстанок меѓу Тетекс и Кожуф од Гевгелија во меч каде конечниот исход беше 1:1. Домашниот тим дојде до водство со голот на Јасмин, а во 95. минута Андоновски погоди за 1:1.
Александар Ванев, М-Нет