
Со извлекувањето на ждрепката денес во „Куќата на фудбалот“ познати се двојките за првото коло од Втората македонска фудбалска лига, а со тоа е познат распоредот за целата сезона.
Како што веќе објави телевизија М Нет во првото колло Осогово дома ќе игра со Вардар Неготино, Скопје против повратникот Вардарски, Кожуф со Каменица Саса, Детонит Плачковица на домашен терен со Новаци.
Првото коло носи и дерби на екс прволигашите Брегалница и Победа, новиот второлигаш Борец против Башкими, Македонија ЃП со Охрид, а пак Арсими против Беласица.
Дербито на ланските прволигаши Македонија ЃП и Брегалница ќе се одигра во рамки на 11. коло, а првиот дуел е во Ѓорче. Во рамки на осмото коло во Радовиш ќе се одигра дербито меѓу Детонит Плачковица и Брегалница.
Во рамки на 5. коло во Штип ќе се одигра дерби на Брегалница и Осогово од Кочани, а 14. коло го носи и дербито на Осогово и Каменица Саса.
- КОМПЛЕТНИОТ РАСПОРЕД ЗА ВТОРА ЛИГА 2024/2025






Александар Ванев, М-Нет