Неколку штипски населби ќе останат без вода од вечерните часови

Неколку населби во Штип денес ќе останат без вода. ЈП Исар преку писмено соопштение ги известија граѓаните дека денес од 20:00 часот па се до утринските часови населбите Сењак и Дузлак ќе останат без вода.

„Денес 05.08.2024 од 20:00 часот се до 06.08.2024 (утре) до раните утрински часови без вода за пиење ќе бидат населбите Сењак и Дузлак поради изместување на водоводна линија на булевар Партизанска.“

Наелбите Сењак и Дузлак во текот на вечерните и утрешните часови ќе останат без вода, поради изместивање на водоводната линија на булеварот Партизнска.

Лаура Стојанова, М-Нет