
Фак за глувци под цена од 300 денари продава 70 годишниот Штеријо од Штип. Сам со вештите раце тој научил да изработува вакви кафези, корисни за граѓаните. Вели потребно е жица, дрво, плех и трпение од осум часа, за да се направи еден ваков кафез, кој лови дури и стаорци. Побарувачка има, ќе рече овој извонреден човек и е задоволен оти има и нарачки. Потребно е само да се стави малку месо или леб на така наречената мамка и кафезот да се постави на место каде има вакви глодари.
,,Треба материјал жица, даска, плех. Еден кафез приближно осум часа е потребно, а за оваа изработка цената е 300 денари. Ги купуваат, на оној што му треба ги зима. Oд кога ќе се купи, се става нешто мамка, салама или лепче. Факот е голем, а може да собере и голем глушец.“, вели Штеријо
Но, покрај ова, овој извонреден човек продава и чистен орев по 250 денари за половина килограм и чај од мајчина душичка и кантерион
Инаку, Штерјо за М-Нет телевизија истакна дека граѓаните доста во последниот период се жалат на тоа дека глувци и шетаат по визбите, подрумите и пониските спратови. Со помош на овие кафези, вели имаат големо фајде.
Иван Митев, М-Нет