Утрово затворена лева лента на мостот „Близнак“ поради санација на оградата

Дел од булеварот „Киро Глигоров“, на мостот „Близнак“ во правец кон населбата Аеродром, утрово од 6 до 8 часот ќе биде со изменет режим на сообраќај поради санација на оштетената заштитна пешачка ограда.

Од ЈП „Улици и патишта“ – Скопје информираат дека ќе се врши замена и монтажа на оштетените делови од оградата, на потегот од крстосницата со улицата „Индустриска“ до крстосницата со булеварот „АСНОМ“.

За време на работите ќе биде затворена крајната лева сообраќајна лента, која ќе биде обележана со соодветна сигнализација. Останатата лента во правец кон Аеродром ќе биде слободна за сообраќај.

Од претпријатието апелираат до возачите да бидат трпеливи, да ја приспособат брзината на условите на патот и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација.

Текстот Утрово затворена лева лента на мостот „Близнак“ поради санација на оградата е превземен од МАКФАКС.