Утринава приведени четири момчиња во средно училиште во Штип

Денеска (14.09.2021) од страна на полициски службеници во Полициската станица Штип приведени се Р.М.(21), Д.Д.(20), О.Ш.(21) и еден малолетник сите од Битола, бидејќи во 09.20 часот во просториите на средно општинско училиште во Штип неовластено влегле и се задржале, а во кое не се ученици, постапувајќи спротивно на чл.26 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир. Запознат е Јавен обвинител и од страна на СВР Штип се прибираат докази и преземаат мерки за целосно расчистување и комплетирање на кривично дело „загрозување на безбедноста на сообраќајот со опасно дејствие или средство“ казниво по чл.298 од КЗ.