
Со листа на советници за претстојните избори во Штип ќе настапи и коалицијата на ЛДП – ДОМ. Мотивацијата доаѓа од проблемите со кои се соочуваат граѓаните, истовремено и исполнување на нивните потреби на кои не се работи веќе 30 тина година. Носител на советничката листа во Штип е Мартин Каровски.Тој истакна дека она што му недостасува на Штип е план за стратешки развој.
„Тргнавме мотивирани од неколку децениската реалност во Општина Штип, во којашто општинските администрации за проекти и за успех го сметаат асфалтирањето улици и градењето канализација или правењето тротоари, нешто што е сервисна обврска на Општината. Со такви програми и со такви настапи не може да се нарече дека тоа е сериозен пристап. Она што ни недостига повеќе од 30 години во Општина Штип е план за стратешки развој на градот, на општината како центар на источниот регион“, истакна Каровски.
Во советничката листа на ЛДП – ДОМ може да се забележат имиња на претставници од најразлчни професии. Од изборите во октомври се очекува најдоборото можно сценарио. Се уште се работи на програмата, а овде не е исклучена можноста повторно да се слушнат потребите на граѓаните и да се работи во насока на нивно исполнување.
„Се надеваме на најдоброто можно сценарио, барем неколку советнички места. Нашата листа е широка, граѓанска, не е само од партиски кадри, има и граѓански активисти, има обични граѓани од нашето секојдневие/ Практично, листа составена од народот и од самите гласачи“, додаде Каровски.
Коалицијата ЛДП – ДОМ свои советнички листи има во неколку општини во Истокот односно во Кочани, Виница, Чешиново – Облешево, Зрновци и Свети Николе. Со кандидати за градоначалник ќе настапат во Штип со Ванчо Санев, во Чешиново –Облешево со Дарко Стефанов. На ниво на државата оваа коалиција ќе настапи со 52 советнички листи и 16 кандидати за градоначалник.
Лаура Стојанова МНет