Утре завршува процесот на ревакцинација во вакциналниот пункт во Штип

Со денешните околу 800 пациенти и исто толку закажани за утре завршува процесот на ревакцинација во салата Јордан Мијалков во Штип со кинеската вакцина синофарм. Имунизацијата на населението во овој вакцинален пункт се спроведуваше непречено, а од понеделник се очекува да пристигне нов контигент на вакцини и да започне аплицирањето на прва доза вакцина. Сеуште е неизвесно кој вакцини ќе пристигнат во вакциналниот пункт во Штип, а засега информациите се дека во понеделник има закажано 500 граѓани кои треба да примаат прва доза вакцина.

„За денеска имаме закажано околу 800 пациенти исто толку и за утре за ревакцинација. Со утрешниот ден завршува ревакцинацијата со што во вакциналниот пункт во Штип ревакцинирани се околу 20 илјади граѓани“ – истакна Иле Постолов.

Според информации од Министерството за здравство досега во земјава се аплицирани 420.821 доза вакцини, а ревакцинирани се 168.284 граѓани. Бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата вакцинација.мк е 446.195 граѓани.

Лаура Стојанова М-Нет