
Денеска православните христијани го празнуваат христијанскиот празник Спасовден. Овој ден се празнува 40 дена по Велигден, и секогаш се празнува во четврток, менува дата но не и ден. Екипата на М-Нет телевизија денеска беше во посета на манастирот Христово вознесени Спасовден во село Драгобрашта виничко. Уште изутрина верниците го посетуваа овој храм со желби за здравје, среќа и берикет.
„Христос се вознесе. Прво да се поздравиме со христијанскиот поздрав бидејќи денеска е 40 ден по христовото воскресение, кога го празнуваме светото вознесение на нашиот спасител Господ Исус Христос. Денеска тој се разделува од своите апостоли, о им дава и сила на апостолите да не се разочараат со своите мисли бидејќи Господ Исус Христос им вели „Јас сум секогаш со вас““. – каѓа свештеник Николчо Цикарски
Од годините наназад во овој храм бројката на верници кои го посетуваа манастирот беше многу поголема, сега заради пандемијата нивниот број е ограничен но сепак задоволителен. Господинот Јасмин накратко ни ги раскажа обичаите и традицијата на ова место.
Секоја година се подготвува и ручек за верниците. Бидејќи денот не е во пости, се готви ориз со јагнешко. Едно јагне се купува од манастирот, а останатите се поклонуваат од верниците. Оваа година се руши рекорд со подготвени 33 јагниња.
Верниците имаат можност да се пријавуваат за кумови на овој ден во манастирот. Годинава имаше три кумови, кои подготвуваат јадења од дома и ги носат во манастирот. Бојана е кума за прв пат годинава, а желбата е иста многу здравје, среќа и берикет.
Манастирот Христово вознесение Спасовден слави и на 13 септември на празникот Свети Симеон, кога е и неговото рамо, а манифестација се подготвува и во месец август за иселениците.
Лаура Стојанова М-Нет