Утре во ЖИВО на М Нет: Осогово – Скопје, од 13 часот

ФОТО: Телевизија М Нет

Утре ќе се одиграат натпреварите од 28. коло од Втората македонска фудбалска лига, а вие почитувани гледачи ќе имате можност на телевизија М Нет да го проследите натпреварот меѓу Осогово и ланскиот прволигаш Скопје, натпревар кој ќе се одигра на Градскиот стадион „Никола Мантов“ во Кочани.

Овој натпревар е од капитална важност за „жетварите“ кои доколку не забележат триумф над „пиратите“ од Автокоманда, а во случај на триумф на Саса над Кожуф, значи дека Осогово ќе заврши во зоната за директно испаѓање на две кола до крајот.

А токму на овие две кола тешко дека Осогово ќе може да собира бодови, бидејќи игра против Арсими во Голема Речица и дома против Пелистер.

Скопје доаѓа како фаворит во Кочани и цели кон освојување на трите бодови со цел сезоната да ја заврши на високото 5. место на табелата.

Никола Иванов од Велес ќе биде главен судија, а преносот од Кочани на телевизија М Нет ќе започне во 13 часот.

Александар Ванев, М-Нет