
Утре ќе бидат одиграни натпреварите од 28. коло од Втората македонска фудбалска лига, а неизвесноста кога е во прашање опстанокот и понатаму продолжува.
Каменица Саса на домашен терен ќе игра против Кожуф од Гевгелија, а доколку „рударите“ ги освојат трите бодови, тогаш може да излезат од опасната зона и да влезат во бараж зоната, доколку Осогово на домашен терен загуби од ланскиот прволигаш Скопје.
Тетекс на домашен терен ќе има тежок меч против лидерот и нов прволигаш Беса, Победа ќе бара барем бод против Арсими на домашен терен, Охрид на „Билјанини Извори“ ќе го пречека Детонит Плачковица, Новаци ќе биде домаќин на Караорман каде како фаворит ќе атакува на трите бодови и со тоа Новаци да стави печат на опстанокот.
Беласица во Струмица ќе игра против Вардар од Неготино, а пак Пелистер кој веќе обезбеди враќање во фудбалската елита на Македонија ќе игра против Башкими на гостински терен.
Поради велигденските празници, натпреварите од 28. коло наместо во 17 часот ќе започнат во 13 часот.
Александар Ванев, М-Нет