Унијата на жени на ВМРО – ДПМНЕ – Штип со информативни флаери го одбележа 24 мај

Унијата на жени на ВМРО – ДПМНЕ во Штип подели информативни флаери во чест на сесловенските просветители. Претставнички од наставничката фела, членки на Унијата помеѓу граѓаните поделија флаери на кои беа испишани научни факти за големото дело на светите браќа Кирил и Методиј. Според претседателката, Христина Серафимовска, моменталната ситуација во државата покажува дека е време за актуелизација на вистината.

„Како Унија на жени на ВМРО – ДПМНЕ одлучивме денешниот ден посветен на сесловенските просветители, браќата Кирил и Методиј да го одбележиме со настан насочен кон потсетување и обновување на знаењата на граѓаните. Актуелната политичка ситуација во земјата и спорот со Бугарија покажаа дека е вистинско време повторно да се актуелизираат некои научни вистини и да се затворат евентуалните дилеми. Затоа денес со претставници од наставничката фела подготвивме материјали со факти за македонската писменост, јазик и историја, кои го потврдуваат автентичниот развоен пат на Македонците, различен од соседните народи“, истакна Серафимовска.

Ова е втора поголема активност на Унијата на жени, по велигденската посета на дневните центри во Штип. Во оваа прилика Серафимовска и останатите членки посакаа вековито одбележување на овој значаен ден и порачаа дека е потребно постојано освежување на знаењата.

Ребека Спасова М-Нет