Три Куп – натпревари ќе се одиграат на 22 септември а останатите ќе се одиграат на 15 септември

Од куќата на фудбалот – ФФМ пристигна информацијата за поместување на некои натпревари во рамките од првото или 1/16 финалето на македонскиот куп. Имено три натпревари поради прогласената тридневна жалост наместо на 15 ќе се одиграат на 22 септември. Тоа се натпреварите:

22.09.2021 г.

  1. Кит Го – Шкендија
  2. Велешта – Шкупи
  3. Њу Старс – Борец

Останатите средби ќе се одиграат во претходно одредениот термин:

15.09.2021г.

4. Воска Спорт – Брегалница

5. Детонит – Македонија ЃП

6. Победа – Вардар

7. Локомотива – Охрид Лихнидос

8. Гостивар – Ренова

9. Љуботен – Пелистер

10. Кораби – Беласица

11. Слога – Работнички

12. Новаци – Тиквеш

13. Каменица Саса – Струга ТЛ

14. Беса – Скопје

Екипите на Академија Пандев и на Силекс како минатогодишни финалисти директно се пласираат во 1/8 финалето, инаку во овој прв циклус ќе се игра само по еден натпревар без реванши.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk