
Ситуацијата со откуп на оризот во кочанско се следи од страна на Министерството за земјоделство, потенцираше денеска министерот, Цветан Триупновски. Вели дека одлуката за откуп на оризова арпа треба да се почитува, но додава дека Владата од оваа година ќе почне со набавки на стокови резерви. Ова ќе се спроведе за првпат со што вистински ќе им се помогне на оризарите.
„Моментално се прави пресекот на откупената количина, но она што сакам да го потенцирам е дека министерството односно Владата веќе оваа година ќе набави за потребите на стокови резерви оризова арпа бидејќи ова се прави за првпат и ќе значи помагање во целата ситуација“ – вели Трипуновски.
Набавката на стоковите резерви треба да започне годинава, а веќе наредниот месец да се објави и повикот. Трипуновски вели дека со ваквиот чекор ќе се откупи значителна количина на оризова арпа која сега стои непродадена во амбарите на земјоделците.
„Со почетокот на оваа година се прават припреми за да се објави повикот за набавка на тие стокови резерви. Очекува некаде во втори месец да почне постапката за набавка на оваа колична што ќе значи повлекување на една позначителна количина на оризовата арпа. Оризот како култура се продава по завршување на жетвата па до наредната жетва, практично во целата година.“ – додава Тришуновски.
Трипуновски додаде дека ќе оствари нова средба со оризопроизводителите во кочанскиот регион со цел да се реши проблемот со откупот на оризова арпа.
Лаура Стојанова М-Нет