Димитриј Попоски е нов играч на Брегалница, ќе игра заедно со неговиот брат!

Штипска Брегалница го претстави своето второ зимско засилување за пролетниот дел од сезоната во Втората лига, каде штипските „сини“ на Трајче Сенев ќе водат борба за влез во Првата лига.

Станува збор за Димитриј Попоски, кој во Брегалница доаѓа од редовите на второлигашот Охрид, а 22-годишниот играч ги покрива позициите бек и крило.

Низ својата кариера тој има настапувано за младинските погони на Вардар, а настапуваше и за Работнички, Борец, Тетекс, Силекс и последно Охрид.

Димитриј е брат на Стојан Попоски, кој е фудбалер на Брегалница, па тоа ќе значи дека двајцата браќа ќе играат заедно за „сините“.

Брегалница претходно се засили со Стефан Бабунски, кој пристигна од Детонит Плачковица. „Сините“ есенскиот дел го завршија на второто место на табелата, а во пролетниот дел ќе атакуваат на задржување на второто место и атак на првото место со цел директен влез во Првата лига, а со тоа и експресен „кам-бек“ во Првата лига.

Во првиот пролетен меч Брегалница ќе гостува во Прилеп, каде ќе се соочи со Победа во дуел на два поранешни прволигаши.

Александар Ванев, М-Нет