Традиционалната „Форца“ забава утревечер по петтипат во Штип со почеток од 19 часот

Традиционално и оваа година Фудбалскиот клуб Форца Штип организира предновогодишна забава која е закажана за утревечер. На забавата се поканети сите членови на фудбалскиот клуб, за заеднички да се испрати старата успешна 2023 година и да се дочека новата 2024 година со тенденција да биде усште поуспешна. Координаторот, Мирко Јакимовски посочи дека и оваа година имаат покането гости, репрезентативци кои ќе бидат дел од забавата.

„Утре во 19 часот ќе организираме предновогодишна Форца забава на која се поканети сите наши членови и ќе присуствуваат младинските репрезентативци на А селекција на Македонија, тоа се Иван Николов, Матеј Ангелов, Методиј Максимов и многу други“ – вели Јакимовски.

На оваа Форца забава ќе се доделат и дипломи на сите помагатели на фудбалскиот клуб, со што ќе се заокружи уште една успешна година, вели Јакимовски.

Лаура Стојанова М-Нет