Струга донесе две квалитетни странски засилувања – голман од Србија и десен бек од Бразил

ФОТО: Александар Ванев, М Нет телевизија

Новата сезона во ракометната Суперлига ќе биде најконкурентна досега со голема борба на ракометните терени за титула и излез во Европа, но и во трката за директен опстанок.

Струга која минатата сезона избори опстанок во ракометната елита преку бараж совладувајќи го прволигашот Мулти Есенс продолжува со екипирање за новата сезона.

Во градот покрај езерото пристигна голманот Александар Ѓурѓевиќ од Србија и десниот бек од Бразил, Габриел Черубим.

Се работи за двајца ракометари кои имаат големо искуство, а кој во пакет доаѓаат од редовите на Борец од Велес, па така за нив македонската суперлига е позната средина и лесно би се прилагодиле во новиот клуб.

Двајцата играчи треба да донесат квалитет и свежина во Струга, а повеќе од јасно е дека новата сезона која ќе започне на 6 септември ќе биде една од најнеизвесните каде ќе гледаме многу квалитет ракомет, а потврда е што клубовите од машката Суперлига носат квалитетни засилувања и инвестираат многу повеќе со цел да бидат конкурентни во остварување на своите цели.

Александар Ванев, М-Нет