Стефан Ристовски е нов играч на босанскиот гигант Сараево, Барди ќе менува клуб но останува во Турција, Елмас сака трансфер!

ФОТО: ФК Сарајево

Поранешниот македонски репрезентативец Стефан Ристовски кариерата ја продолжува во босанскиот гигант Сараево, откако тој беше претставен како големо засилување, а во Сараево доаѓа пак од Динамо Загреб.

Ристовски во гигантот Динамо Загреб од Хрватска беше капитен и во Сараево доаѓа како звучно засилување за посилна одбрана по десната страна.

Македонецот во Босна и Херцеговина ќе остане најмалку до 2027 година, со опција договорот со Сараево да се продолжи на уште една сезона.

33-годишниот Ристовски кариерата ја започна во Вардар, од каде се пресели во Италија натапувајќ и за повеќе екипи меѓу нив и Парма, Кротоне, Фросионе, Бари, Латина, Специја, Ријека во Хрватска, Спортинг во Португалија и Динамо Загреб.

Во својата кариера Ристовски го има освоено Купот на Португалија, двапати шампионатот на Португалија, трипати Купот на Хрватска, двапати Суперкупот на Хрватска и петпати шампионатот на Хрватска.

За сениорската репрезентација на Македонија од 2011 до 2023 одигран 81 натпревари и постигна еден гол.

Со ваква импесивна кариера и големи резултати, Ристовски ќе биде капитално засилување за Сараево.

И македонскиот репрезентативец Агон Елези е пред трансфер во босанскиот гигант Сараево, откако овој клуб се засили со Стефан Ристовски. 24-годишниот играч за врска е член на Бохум, има настапувано за Горица, Вараждин, Скендербег, Велазерими од Кичево, како и младинските категории на Шкупи. Вредноста на Елези според Трансфермаркт изнесува 650.000 евра.

Поранешниот репрезентативец Крсте Велкоски кој остави голема трага во Сараево, сега ја превзема функцијата технички директен на Сараево.

Енис Барди ќе менува клуб, но ќе остане во Турција, капитенот на македонската фудбалска репрезентација кој настапуваше за Бодрум сега е пред потпис со Коњаспор.

Низ својата кариера 30-годишниот Барди настапуваше во Преспа Бирлик од Шведска, унгарски Ујпешт, шпански Леванте, како и Трабзонспор и Коњаспор од Турција.

Според турските медиуми, Барди со Коњаспор ќе стави потпис на двегодишен договор.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас сака трансфер во нов клуб, каде ќе има минутажа на фудбалски терен. 25-годишниот Елмас во јануари 2024 година направи трансфер во Лајпциг од Наполи за 24 милиони евра, но немаше посакувана минутажа и дојде на позајмица во дресот на Торино, каде одигра одлично, но сега откако истече позајмицата тој се враќа во германскиот тим.

Сепак, Елмас не сака да остане во Лајпциг и бара целосен трансфер и преселба во нова средина, интерес за македонскиот репрезентативец има, но германскиот тим нема така лесно да го пушти Елмас за кој плати 24 милиони евра.

Останува да видиме како ќе се одвиваат работите, но јасно е дека Елмас ќе продолжи во нова средина. Кариерата ја започна во Работнички, од каде се пресели во Фенербахче, потоа настапуваше за Наполи, Лајпциг и Торино.

Александар Ванев, М-Нет