Сојузот на синдикатите на Македонија упатува апел до сите работодавачи и работници, да ги почитуваат мерките за превенирање на последиците од топлотните бранови. Како што велат тие, треба да се намали, но и да се исклучи работењето на отворено за најтоплите делови од денот, како и да се обезбедат сите средства и мерки за заштита на животот и здравјето на работниците во овие услови. Значењето на животот и здравјето на работинците, во овие услови на екстремно високи температури е од исклучителна важност, па затоа мора да се почитуваат препораките од Институтот за јавно здравје, да не се излегува во период од 11 до 17 часот, да се носи светла и
– Тоа се сепак препораки. А препораките не се законска обврска. Од друга страна, тука е Законот за безбедност при работа. Во него е точно наведено дека работодавачот треба да обезбеди услови за работа кои нема да го загрозат здравјето и безбедноста на работницiте. А, што е тоа што не треба да го загрози здрвајето и безбедноста е согласно процена на ризик кој треба да се прави секторски. – велат од Сојузот на синдикати
Од Сојузот на синдикатите апелираат во наредниот период да се води поголема грижа за безбедноста и здравјето на работниците, особено на оние кои работат на отворено. Додаваат дека само со навремена примена на препораките и мерките може да се намалат ризиците од високите температури и да се заштити здравјето на работниците.