
Наближува летна Света Петка, а селото Љуботен ги прави последните подготовки за еден од најголемите духовни празници во годината. И годинава, манастирот на Светата преподобна маченичка Параскева ќе ги отвори своите порти за илјадници верници кои ќе дојдат на молитва и поклонение. Прославата започнува на 7 август културно-уметничка програма, а централното чествување е на 8 август со света божествена литургија. Традиционално ќе бидат подготвени посно гравче во петок и манастирска јанија во сабота, а празничната атмосфера ќе биде збогатена со песна и големо оро. За посетителите од Штип е обезбеден и бесплатен автобуски превоз до манастирот и назад.
,,Славата започнува вна 7 август, после пладне, некаде околу 17 часот, со богата музичка програма, деца од Конче, тие се КУД. Продолжува наредниот ден, главната слава е на 8 август, започнвуајчи со литургија во 7 часот, па се до 4 часот псоел пладне. На 8 август ќе има обезбедено и од Општина Штип превос, автобус, за сите оние кои што нема да можат да дојдат со своите возила, почнувајки од 7:15 oд населбата Баби, па се до останатите станици што се низ градот и некаде до Љуботен. Враќањето ќе биде околу 3 часот после пладне, кога ќе заврше славата, истиот автобус ги враќа назад.“, вели Митков
Чествувањето на летна Света Петка во селото Љуботен има повеќедецениска традиција и внимателно се негува од месното население и црковниот одбор
,,Годинава ќе готвиме на 7 август, пошто е петок посно гравче, а утредента на 8 август, ќе имам јанија со јагнешко. Пред тоа старите наши покојни дедовци ја имаа почнато црквата, но од 1966 година псотојано се прославува 8 август во селото. Црквата е селска, имаем си и црковен одбор, јас сум еден од членовите, имаме двр цркви Света Петка и Свети Јован опсечен. Сите верници да повелат.“, додава Митков
Светата преподобна маченичка Параскева, меѓу народот позната како Света Петка, е светителка кон која со посебна љубов и вера се обраќаат генерации верници. Низ цела Македонија има свети места и извори посветени на неа, каде што луѓето доаѓаат да се помолат, да се измијат со светата вода и да побараат нејзина закрила. Вербата во нејзината помош и денес ги носи луѓето кон светите места, каде што наоѓаат утеха, надеж и духовно смирение
Иван Митев, М-Нет