Со 2 милиони евра, Св Николе ќе се гради како никогаш до сега, општината со засукани ракави работи на 16 проекти за во градот и селата

Со 2 милиони евра, Св Николе ќе се гради како никогаш до сега, општината со заскуани ракави работи на 16 проекти за во градот и селата. По повод патрониот празник на градот Тодорица, денеска во посета беше и премиерот Мицкоски, кој извшри увид на започнатите градежните активности на општината. Тој заедно со градоначалникот Дејан Владев со став дека Св.Николе активно ќе работи на подобрување на условите на граѓаните.

“Во претходниот период комплетно е спроведена атмосферска и канализациона мрежа, а веке гледатека дека е пред фаза и асфатирањето. Вредноста на овој проект е околу 5 милиони денари со средства обезбедени од локалната самоуправа и владата на Р.Македонија за околу 350 метри квадратни. Се надевам дека до следниот петок овој потег ке биде асфалтиран, а ке бидат поставени и тротоари на местата каде што се обележани. Општина Св. Николе оваа година доби околу 2 милиони евра за проекти. Има аплицирано и ке аплицира во наредниот период за околу 16 проекти за во градот и селата. Проектите вклучуваат асфалтирање на улици, мостови, соблекувални, сали “, вели Владев

Посебна подршка до општината упати премиерот Мицкоски. Тој од таму рече дека со помош и на вториот повик, голем дел од потребите кои што во минатото не биле решени за светиниколчани, сега ќе бидат решени.

Инаку дополнително на самиот настан се разговараше и за ситуацијата со земјоделците, за градежните активности, цените, како и за нвите работни места, неопходни за младата популација во државата.

Иван Митев, М-Нет