
Супер-дерби на лидерот Големо Коњари и Превалец, натпревар кој се игра в недела, а во рамки на 15. коло на Трета лига – Југ. Овие две екипи се директни конкуренти за првото место и баражот за можен влез во Втората лига.
Двете екипи промовираа по неколку нови засилувања во обид да бидат шампиони и да го обезбедат баражот.
Во рамки на оваа рунда Питу Гули на домашен терен ќе игра против Слога Лажани, Дреново ќе се соочи со Венец, Башкими 2008 ќе го пречека Младост од Кривогаштани, а пак Ултрас ќе игра со Бучин.
Во Трета лига – Исток ќе се одиграат натпреварите од 10. коло, каде во Виница лидерот Слога ќе игра со Малеш од Берово, Брегалница во Делчево ќе ја пречека Тиверија од Струмица, Хоризонт Турново против Дојранско Езеро, во Пирава соочување на Ударник против Карбинци, а пак во Зрновци ќе играат Светлост и Овче Поле.
Во Трета лига – Запад ќе се докомплетира 13. коло кое беше отворено на 30. ноември минатата година, но поради снегот истото не се одигра и ќе се игра овој викенд.
Денес Дрита во Богиње ќе игра против Ренова, а пак Зајази против Влазерими. Утре екипата на Џепчиште ќе игра со Камјани, Вардар во Брвеница ќе игра со Напредок, а пак Добришти против Љуботен.
Во Трета лига – Север ќе се играат натпреварите од 15. коло. Лидерот Шкендија Арачиново дома ќе игра со Башкими Љуботен, Аеродром против Пчиња, Беса Влазрими ја очекува дерби дуел со Фортуна која е втора на табелата, БВК Коњаре против ланскиот шампион Куманово. Њу Старс ќе бара триумф против Кадино, Академија Илинден против поранешниот прволигаш Еуромилк ГЛ на домашен терне, а пак новајлијата Ржаничино ќе игра со Риниа.
Во Трета лига – Југозапад наместо овој викенд, пролетниот дел ќе започне следниот викенд, а таму борба за шампионското место и баражот ќе водат Преспа, Кораб и Сатеска.
Александар Ванев, М-Нет