Со света литургија утре ќе се одбележи празникот Петок Балаклија на манастирот Добра Вода во Оризари

Утре е Петок Балаклија, првиот петок после големиот христијански празник Велигден. На манстирот Добра Вода во Оризари се прават последните подготовки пред одбележување на овој празник. Но, за разлика од претходните години кога се одбележуваше со музика и оро, годинава ќе биде скромно поради трагедијата во дискотеката во Кочани. Целта е да се продолжи традицијата и да се одбележи празникот на мајка Богородица.

„Нема да има нешто посебно поради трагедијата. Важно е да го одбележиме празникот и да ја продолжиме традицијата.“ – вели Стаменков.

Со Света Литургија и со голем собир и годинава се планира да биде одбележан празникот Источен петок Балаклија на манастирот Добра Вода во Оризари.

Со манастирски ручек ќе биде одбележан и овој празник посветен на Мајката Божја. Стаменков ги повикува граѓаните да го посетат манастирот и да се одбележи празникот.

„Ги повикувам сите верници кои сакаат да го прославиме празникот после Велигден, Петок Балаклија и да го одбележиме празникот на светата мајка Богородица.

Инаку, освен на овој ден, на манастирот Добра вода кај Оризари слава има и на втор ден Божиќ кога и на тој ден се собираат голем број верници.

Приоритет во манастирот е да се направи кујна но и конаци кои што ќе бидат место каде што верниците од други градови ќе можат да преспијат во манастирот.

Со празникот посветен на Пресвета Богородица и се оддава признание на Мајката Божја, по што манастирот го носи нејзиното име.

Се верува дека водата во овој манастир е лековита.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет