Со положување на свежо цвеќе одбележана 81 година од загинувањто на Славчо Стојменски

Денеска во Алејата на народните херои во паркот во центарот на Штип со положување на свежо цвеќе се одбележа 81 година од загинувањето на народниот херој Славчо Стојменски. Овој голем патриот, иако многу млад, веќе револуционерно задоен, непоколебливо и бескомпромисно се вградува во темелите на револуцијата со исконска желба за слобода на својот народ. Верувал дека ќе ја доживее слободата, а со тоа ја пренел и пораката на следните генерации, да знаат, да се борат и да ја сочуваат истата.

„На денешен ден 17 август 1943 година, точно пред 81 година двајќи енергичен отпор на многубројната бугарска фашистичка полиција кај опколената куќа на Олга Арсова близу до некогашната градска чешма Коџалица храбро загина народниот херој Славчо Стојменски- Коле. Името, ликот и делата на Славчо Стојменски не раскривно се врзани со сите епохални настани од народно ослободителна-антифашистичка војна на подрачјето на Општина Штип и пошироко. Славчо почнувајќи од предвоените денови за сето време на фашистичката окупација се до неговата храбра погибнина на 17 август 1943 година беше во првите борбени редови, предвидник и корефер на народно ослободителниот одбор во Штип и штипско.

Во чест на народниот херој именувано е и средното училиште во Оптштина Штип, штипската гимазија. Ученици од училиштето земаа учество во одбележување на денешната годишнина.

Инаку Славчо Стојменски е роден на 16 октомври 1921 година, а починал на 17 август 1943 бил учесник во НОВ народен херој на Југославија. Загинал во борба против бугарската фашистичка полиција на 17 август 1943 година, кога во Штип  се одржувал состанок на Обласниот комитет на КПМ .

Лаура Стојанова, М-Нет