Со планирани речиси 160 милиони денари ќе продолжи изградбата на новата болница во Штип

Одржан состанокот меѓу Министерството за здравство и новите сопственици на изведувачот, грчки Интеркат за изградба на новата Клиничка болница во Штип. Од Министерството посочуваат дека се преземани активности за да се продолжи со изградбата на болницата и да биде во целост реализиран овој прокет. Додаваат дека пари за изградба на новата болница се предвидени и од Буџетот на министерството и по основ на заем, но не потенцираат за каков заем станува збор и од каде истиот ќе се земе.

„ Одржан е состанок со новите сопственици на иведувачот на Клиничка болница во Штип каде од нивна страна се преземани конкретни обврски во насока на реализација на овој проект. Во новиот Буџет за изградба на болницата се планирани 85 милиони денари и дополнителни 72 милиони денари пари од заем“ – напишаа од министерството.

Изградбата на новата Клиничка болница во Штип не е завршена ниту до пола, односно до нејзиното завршување има уште повеќе од 50%. Од Министерството за здравство истакнаа дека засега се завршени 40% од градежните работи на терен, а се очекува динамиката да се забрза.

„Работите за изградба на новата Клиничка болница во Штип се одвиваат во континуитет и се прави напор да се интензивира динамиката. До сега се реализирани 40% од градежните активности на терен“ – стои во соопштението од здрваство.

Инаку пред еден месец со посредништво на штипскиот градоначалник грчки Интракат и штипски Бетон направија восудски договор со кој се откочи прокетот за изградба на болницата. Бетон по тригодишниот судски спор се откажа од каматите и прифати долгот да се исплаќа на рати, а со цел регионот да го добие долгоочекуваниот објект кој е од огромно значење за граѓаните пред се за пациентите.

Лаура Стојанова М-Нет