
Асфалтран крак од патот Шашаварлија – Кошево – Почивало. По претходните активности со кои патот се подготви за асфалтирање денеска се постави и асфалтната маса. Со средства обезбедени од Бирото за регионален развој и дел од Буџетот на Општина Штип се асфалтира еден километар од овој патен правец. Градоначалникот Јоданов истакна дека со некој нареден проект асфалт ќе добие целиот патен правец.
„На мое огромно задоволство заедно со директорот на Бирото за регионален развој сме на патниот правец Шашаварлија – Кошево – Почивало. Како што знаете во изминатиот период се работеше на припреми за асфалтирање, а денес е завршната фаза од овој на дел од патниот правец кој е во вкупен износ од пет милиони денари, четири милиони денари се од Бирото, а еден милион денари се од Буџетот на Општина Штип. Ова за нас е дополнителен мотив за следната година да ги следиме сите програми кои ќе бидат објавувани и практично преку нив наши проекти да аплицираме“ – кажа Јорданов.

Директорот на Бирото за рамномерен регионален развој, Рамиз Реџепи задоволен од работата на терен. Истакна дека градоначалниците од Источниот регион аплицираат во проекти и се инвестира во инфраструктурата. Додава дека 48 милиони денари ќе се издвојат пари од Буџетот на бирото за реализација на прокети во сите општини во Истокот од државата.
„Денеска ми е чест да присуствувам заедно со градоначалникот на оваа делница кадешто и ние сме финансиери. Во петок ќе се потпишат договори со ИПР каде ќе бидат опфатени сите општини , и ќе се издвојат 48 милиони денари.“ – додаде Реџепи.
Во оваа прилика Реџепи упати јавна благодарност до градоначалниците од ИПР, бидејќи она што се финансира и се работи се завршува кавлитетно.
Лаура Стојанова М-Нет