Со желба за здравје, среќа и мир, верниците денес го чествуваат празникот посветен на Успението на Пресвета Богородица

Со свеќа во рака и молитви кон Бога, верниците денес го чествуваат големиот христијански празник Успение на пресвета Богородица или во народоот позната како голема богородица. Здравје, среќа и мир си посакаа сите посетители на црквата во штипско ново село , кој ги имаше во голем број на утрешна литургија по поводт истоимениот празник.

Во голем број беа и верниците кои по две седмичниот пост, денес зедоа причест за здравје и спасение.

Инаку, Успение на Пресвета Богородица  — значаен христијански празник кај православните верници, мајката на Исус Христос. Христијаните веруваат дека, како и Исус, и Богородица по смртта воскреснала и заминала на небото, како со душата така и со телото. Оттаму и називот успение, што значи искачување.

Лаура Стојанова, М-Нет