Болките во колената кај старите лица се сериозен проблем, потребно е внимание уште во раната возраст

Многу често низ секојдневието слушаме за болки во колената и тоа претежно кај повозрасните лица. Некој луге неретко можеме да ги слушнеме како можат да го превидат времето според нивните болки, но колку тие се хронични разговаравме со специјалистот за ортопедија и трауматологија Александар Киров со што за ваквата ситуација истакна дека ова заболување е дегеративно со кое доаѓа до трошење на раскваичната структура на самиот зглоб.

“Проблемите со колената во категоријата кај постарата популацијa и тоа се хронично дегеративни заболувања, каде што доаѓа до трошење на раскавична структура и приближувањето на коските на самиот зглоб една до друга, доаѓа до еден процес така наречен артроза на самиот колк. Друго карактеристично, кај што може да се дојде до прерана артроза е несоодветно третирани претходно споменатите дијагнози.“, истакна Киров

Несоодветното оптеретување на раскавицата доведува до процесот наречен дегенерација, а овој процес станува забразан, дури уште од помалата возраст, вели Киров и истакна дека доколку оваа дисплазија не се соодветно третира додека детето е мало, може да се дојде до артроза во повозрасната возраст и со тоа доведува до ставање на вештачки колк.

“Т.е на несоодветен начин доаѓа до несоодветно оптеретување на самата раскавица и тоа е самиот процес на дегенерацијата станува забрзан, но и евидентен во помалата возраст. Исто друго карактеристично е што таа вродена дисплазија, ако не се третира додека детето е мало т.е бебе каде што третманот е многу едноставен со т.н павликови ремечиња, така да во повозрасната возраст доаѓа до претходно споменатата артроза во овој случај на самиот колк, при што доаѓа до ставање на вештачки колк“, додава Киров

Раната дијагностика и лекување се клучни за спречување на болката и отстранување на причините, а редовната физичка активност, здравата исхрана, контрола на телесната тежина, вежбите за истегнување и одржување на подвижноста се препорачуваат во превенција на дегенеративните промени во коските и зглобовите.