Составот на СДСМ на вечерашна средба со граѓаните од населба Осми ноември во Штип

Програмата и проектите на коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ претставени и пред жителите на населба Осми ноември во Штип. Кандидатот за градоначалник, Сашко Николов, и кандидатите за советници во своите излагања потенцираа на низа проекти кои ги предвидуваат за оваа населба.

„Социјалдемократскиот сојуз и оваа организација и овие луѓе макотрпно работат четири години, а уште поинтензивно во последните девет месеци за добродет на нашите граѓани. Ние само ја презентиравме нашата тековна програма, којашто ја имавме овие девет месеци. По не знам кој пат доаѓаме во Осми ноември, не како луѓе за да правиме трибини или митинзи, туку по работа за да ги средиме парковите, да ги средиме улиците, да ги проектираме паркинг местата кои се прават во нашата општина, во Осми ноември, за самите паркови коишто ги предвидуваме, за реконструкција на училиштата, за градскиот стадион, за булеварот „Партизанска“. Така што оваа екипа, овој тим, којшто денес овде одржа една мала трибина за да можеме да се видиме и да ја предочиме на нашите сограѓани програмата којашто ќе ја дадеме, тоа е богата програма со богати луѓе, коишто трудно и макотрпно ќе работат за нашите сограѓани. Ќе даваме од срце, со кал под ноктите ќе даваме реализација на сите проекти коишто ќе ги предложиме во нашата програма“, истакна Николов.

Николов додаде дека нивната понуда е доволна, а програмата е обемна и погодна за граѓаните на општина Штип.

Ребека Спасова МНет