Средба на ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата со жителите од населба Три чешми во Штип

Средба со жителите од населбата Три чешми оваа вечер имаа ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата. Кандидатот за градоначалник, Иван Јорданов, и советниците пред тамошните жители ги презентираа идеите и ветувањата кои тие како состав ги нудат, а се во насока на подобро живеење. Во своите излагања ги посочија проблемите, за кои истовремено понудија решенија.

„Заборавената населба Три чешми има потреба од низа проекти, којшто не успеавме да ги видиме во изминативе четири години. Затоа сме вечерва овде со жителите од оваа населба да поразговараме и да им ги презентираме проектите наменети за нив. Затоа што потреба е во 21. век да имаат јавен превоз и полесна комуникација и поврзување со централното градско подрачје. Потреба е дечињата од оваа населба да бидат сместени во нова детска градинка. За детска градинка со која што ќе се згрижат дечињата од оваа населба. Но предвидуваме и реконструкција на постоечките улици, нови детски и спортски игралишта, осветлување во населбата, пешачка патека и други содржини коишто оваа вечер ќе ги презентираме. Јас се надевам дека после 17 октомври ќе се случат позитивни промени“, посочи Јорданов.

Јорданов ја побара поддршката за 17 октомври и од жителите на оваа населба, потенцирајќи на заедничко градење нова иднина и донесување промени во населбата и во о. Штип.

Ребека Спасова МНет